top of page

Што е всушност инвестициски фонд? Инвестициски фонд е алтернативен начин на штедење, каде уплатите од вложувачите се пласираат според планот на фондот во разни финансиски инструменти (најчесто акции, обврзници и депозити). Како што расте или паѓа вредноста на акциите кои ги купил фондот, така расте или паѓа вредноста на влоговите(уделите) на инвеститорите.
Инвестициските фондови поседуваат акции во голем број на компании во целиот свет и на тој начин ги штитат вложувачите од ваквите осцилации. Дали може да замислите како вашите пари ќе се рашират на пет континенти и со тоа ќе ја направите најголемата можна диверзификација на ризикот што може да ја направите и притоа преку инвестицискиот фонд ќе станете дел од сопствениците на најголемите светски компании т.е. на оние компании каде фондот ќе вложува.
Нашата мисија е да им овозможиме на нашите клиенти стабилен и висок принос на нивните вложени средства и истата е базирана на инвестициска стратегија изработена од искусни инвестициони советници. Почитувајќи ги начелата на чесност, професионалност, етичност, транспарентост, посветеност и лојалност на нашите клиенти им овозможуваме да имаат дел од македонската и светската економија. Целиме кон константен принос и остварување на добивка, внимавајќи на можните ризици при менаџирањето на доверените средства.

bottom of page